Your cart is currently empty!
Двоен контролер за вентилатори
Едноставно и ефикасно управувајте со воздухот во куќиштето од компјутерот, без да инсталирате софтвери на компјутерот или да заглавувате во подесувањата во биосот. Имајте директен увид во квалитетот на воздухот за ладење во куќиштето со едноставна и евтина инсталација.
Out of stock
Description
За да имаме добро ладење во куќиштето потребно е во него да имаме доволен проток на воздух со ниска температура.
Само поскапите матични имаат сензор за температура на амбиентален воздух, а најскапите имаат продолжена сонда со кабел за да можеме да измериме температура во точно одредена точка (на пример на влез на кулерот од процесорот). Сепак најчесто сакаме да мериме во две критични точки, на процесорот и на графичката картичка.
Со овој контролер тоа можете едноставно да го направите. Посебно следете две различни температури (на пр. на процесорот и на графичката картичка) и управувајте ги посебно двата вентилатори кои носат воздух кон процесорот и кон графичката картичка.
На овој начин добивате максимално ефикасно ладење на куќиштето, со минимална бучава на вентилаторите (не работат, или работат со минимална брзина кога нема потреба за тоа), помало оптоварување на контролерите за вентилатори на матичната плоча и нон-стоп увид во двете критични точки во куќиштето.
Спецификација:
- Едноставна инсталација
- Можност за аларм
- Следење на температурата и брзината на вентилаторот во две посебни точки
- PWM регулација на двата посебни вентилатори
- Подржани стандардни вентилатори со 4 пина
- Максимална струја за вентилатори по порт: 3А







1 review for Двоен контролер за вентилатори
There are no reviews yet.